Богата филмска програма на втората вечер од Синедејс

Денес програмата на Синедејс започнува во 15 часот со мастер клас со режисерот насловен како „На едно ладно со Митко Панов“, во Кинотека на Македонија. Подоцна, во 20 часот во Кинотека ќе се емитува филмот „Јавачи“ во режија на Доменик Менцеј. Дејството на филмот се случува во Словенија во 1999 година.Дваіца пријатели од едно мало село решаваат своите мопеди да ги престорат во чопери и да тргнат на патување. Во потрага по слобода и љубов, патуваат низ соништа од минатото и визии на иднината.

Во кино Фросина вечерва ќе се емитуваат неколку кратки филмови. Во 19 часот гледачите ќе можат да го погледнат краткиот филм „Еден тон сладолед“ во режија на Сандра Ѓеорѓиева.

Филмот ја следи агониіата и борбата со грижата на совест на тинејџерот Ведран. Во обид да се ослободи од притисокот, го комплицира животот на Ева, млада самохрана мака на малата Софија. Со низа апсурдни ситуации проблемот станува сѐ поголем, посериозен може да тежи колку еден тон сладолед.

Од гала селекцијата изборот почнува со „Паднати лисја“ од Аки Курисмаки. Тоа е приказна за двајца осамени луѓе што случајно се среќаваат една ноќ во Хелсинки и се обидуваат да ја наідат првата, единствена и последна љубов на своіот живот. Патот кон оваа искрена цел е засенет од алкохолизмот на мажот, загубени телефонски броеви, тоа што не си знаат име ниту адреса, како и општата тенденција на животот да поставува пречки на патот на тие што си jа бараат среќата.

Од македонски кратки филмови денес на програмата ќе бидат поставени: 4891 со почеток во 21 часот, а во режија на Ивана Мирчевска.

Обидувајќи се да влезе во паралелен универзум, еден математички гениј ја губи малата сосетка во „црната дупка“ помеѓу.

СЕЕ селекцијата го носи краткиот филм „Сте ја виделе ли оваа жена“ со почеток во 21:15 и во режија на Матија Глуевиќ и Душан Зориќ. Во жештината на еден летен ден, Драгиња наоѓа тело на мртва жена што личи на неа.

Во жештината на еден летен ден, Драгиња најмува лажен сопруг да го покаже пред приателите.

Во студенилото на една зимска нок, Драгиња талка по улиците во надеж дека ќе си го поврати загубеното сеќавање.

Низ три различни животи, една средовечна жена се обидува да излезе од својата кожа.

Во паркот на МКЦ вечерва од официјалната селекција, ќе се прикажува „Граници на љубовта“ и тоа во 20:30 часот. Во режија на Томаж Вински, приказната ја следи Хана која чувстввуа дека врската со Петар им запаѓа во криза, па решава да ја освежи преку споделување на свои еротски фантазии и скриени желби со него. Чекорот од зборови до дела е мал. Набрзо почнуваат да ја истражуваат сопствената интимност, пробувајќи искуства со други партнери и жестоко туркајќи ги границите и колку далеку можат да одат во љубовта и сексот. Меѓутоа таков експеримент со слободата може лесно да излезе од контрола.

Играат: Хана Вагнерова, Матјаж Резничек, Антоние Форманова, Мартин Хофман.

Најново

Последни колумни