Викенд програмата на CINEDAYS носи две значајни македонски копродукции, последниот филм на нашиот филмски бард Мето Јовановски во „Павилјон“, на Дино Мустафиќ, копродукција со Круг филм од Скопје и детскиот филм „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан, повторно во копродукција со Круг филм од Скопје.
„Имам огромна чест што мојот филм ќе биде прикажан на Синедејс во Скопје, а истовремено ми е жал што не можам да присуствувам на проекцијата, пред сé како знак на благодарност кон соработниците од Македонија. Тие покажаа врвна стручност, професионалност, но пред сé човечност без која „Бумбарово лето“, немаше да биде тоа што е. Искрено се надевам дека младата публика ќе ужива во нашиот филм“ – вели режисерот Даниел Кушан за Синедејс.
Во двете натпреварувачки селекции СЕЕ и Официјална конкуренција, имаме извонредни остварувања што не се пропуштаат, велат организаторите.
А вечерва во Кинотека се случува филмската посвета на Дејвид Линч, патување низ неговите остварувања кои остваија трага во развојот на филмските професионалци и публика.
Во тек е и првиот хакатон за филмски маркетинг специјализиран за филмските автори на кој под врвна светска експертиза на маркетинг агенциите специјализирани за промоција на филм Luckytime, Парис и Alphapanda, Берлин.
6 декември
Кратки филмови
Бадникови Светилки – режија: Ѓорѓи Лазаров – 19 часот, сала 25 Мај
Турбо Нет – режија: Надежда Панов – 21 часот, сала 25 Мај
Официјална конкуренција
Проблематични девојки – режија: Уршка Џукиќ – 20 часот, сала 25 Мај
МК / ЕУ
Павиљон – режија Дино Мустафиќ – 20 часот Кино Фросина
ГАЛА
Нов Бран – режија: Ричард Линклатер 22 часот, Кино Фросина
Зимски Македокс
Фиуме или смрт – режија: Игор Бежовиќ 21:20, Сала 25 Мај
Дејвид Линч е на CINEDAYS
Глава за бричење – 17 часот, Кинотека
Твин Пикс: Огну оди со мене – 19 часот, Кинотека
Дејвид Линч – кратки филмови – 22:30 часот, Кинотека
7 декември
Кратки филмови
Мала шега – режија: Трифун Ситниковски– 19 часот, Сала 25 Мај
Остров – режија: Бранко Костески – 21 часот, Кинотека
Официјална конкуренција
Ти си вселена – режија: Павло Остриков – 22 часот, Кино Фросина
МК / ЕУ
Бумбарово лето – режија: Даниел Кушан – 12 часот, Кино Фросина
СЕЕ
Пакет вечност – режија: Магдалена Илиева – 20 часот, Сала 25 Мај
Добри деца – режија: Филип Перузовиќ – 21:20 часот, Кинотека
ГАЛА
Татко, мајка, сестра, брат – режија: Џим Џармуш 20 часот, Кино Фросина
Без избор – режија: Парк Чан – Вок 21 часот, Сала 25 Мај
Зимски Македокс
Земја и крилја– режија: Стефан Малешевиќ 19 часот, Кинотека
Хакатон за филмски маркетинг 6 и 7 декември во МКЦ
Дводневен интензивен тренинг за филмски автори, продуценти, студенти или останати филмски професионалци, комуникации и маркетинг на филм., кои сакаат да научат како да изградат успешна стратегија за промоција – од идеја до публика. Под менторство на експерти од Luckytime, агенција од Парис, специјализирана за дигитален маркетинг и комуникации во сфера на кино, аудиовизуелна промоција и култура и Alphapanda, од Берлин, маркетинг агенција која развива експертиза во сите фази на филмски маркетинг, ќе се учи преку реални примери, практични вежби и тимска работа. Valentina Neu
