Театар Комедија го објави репертоарот за месец септември. Според програмата публиката ќе може да ужива во осум претстави.
„Септември е еден од најубавите месеци во годината кога го испраќаме летото а ја пречекуваме есента. Месецот што следи ќе имате можност да погледнете некоја од претставите кои ќе бидат изведени во Театар Комедија“, велат оттаму.
Програмата е следна:
17 септември, вторник – Ало, Ало!
19 септември, четврток – Жени во Собрание
20 септември, петок – Демнејќи го Годо
21 септември, сабота – Анатомија на неверството
23 септември, понеделник – Разведи ме
24 септември, вторник – Вардарски Пастуви
25 септември, среда – Пар Распар
27 септември, петок – Мац, Мац
28 септември, сабота – Пар Распар
Сите претстави почнуваат во 20:00 часот, а билетие можете да ги набавите на билетарницата на Театар Комедија или онлајн ТУКА