„Бог на Ба(к)терии “

Книгата ќе ја промовираат: Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски.

Културно информативниот центар – Скопје, со поддршка на Град Скопје ја организира промоција на книгата „БОГ НА БА(К)ТЕРИИ “ од поетот Митко Гогов во издание на издавачката куќа МАКАВЕЈ на ден 1 октомври со почеток во 19:19 часот во Салон – Империјал 2.

Книгата ќе ја промовираат: Зоран Анчевски и Бранко Цветкоски.

Митко Гогов е роден 11 ноември 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter.

Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, Кина, Тајван, Египет, УСА, Аргентина, Русија, Шпанија, Италија, Чешка, Романија, Германија, Израел, Мексико, Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Грција, Бугарија…

Автор е на стихозбирките Ледена вода (2011) и Скриено писмо (2019) издадени преку издавачката куќа Антолог и на збирката „Линијар.Бројки“, издание на Макавеј од Скопје.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои наградата „Енахалон“ на Струшките вечери на поезијата, наградата „Анџело Ла Векија“ во Сицилија, Италија, наградите на „Поетски литературни искри“,„Поетски слем“ во Прилеп, „Струшкибранувања“ во Струга, Македонска книжевна авангарда 2020 година и многу други. Претседател на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, претставник на Светската унија на поети и Школата за поезија – Делегација Македонија, еден од основачите на наградите „Антево слово“ и „Антево перо“, уредник на strumicaonline.mk и reper.net.mk. Концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија …

Организира културни и арт-настани, соработува со младински, арт, филмски и театарски фестивали. Блогер, секогаш отворен за комуникација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни