BMW повлекува 575.000 возила ширум светот поради ризик од прегревање

BMW повлекува околу 575.000 автомобили ширум светот поради дефект на стартерот што може да предизвика прегревање и пожар. Погодени се повеќе модели од сериите 2, 3, 4, 5, 6, 7 и X.

BMW започна голема сервисна кампања со која од употреба повлекува околу 575.000 возила на глобално ниво. Причината е технички проблем со магнетниот прекинувач на стартерот кај одредени модели со мотори со внатрешно согорување, кој може да доведе до потешкотии при стартување, прегревање, а во ретки случаи и до пожар.

Според информациите на производителот, проблемот се однесува на стартер-релеите произведени во периодот од јули 2020 до јули 2022 година, кои во некои случаи биле вградени и подоцна. Интензивното трошење на соленоидот при палење може да предизвика тешко стартување на моторот или целосно откажување, а во екстремни ситуации и краток спој со последователно прегревање.

BMW ќе изврши бесплатна замена на стартер-моторот, а кај одредени возила и на акумулаторот. Поправката обично трае до два часа, а сопствениците на погодените автомобили ќе бидат известени преку овластените сервиси.

Повлекувањето опфаќа повеќе модели од сериите 2, 3, 4, 5, 6 и 7, како и SUV моделите X3, X4, X5 и X6, спортскиот Z4 и технички сродната Toyota Supra. Овој случај повторно ја отвора темата за важноста на навремените технички проверки и сервисни кампањи кај современите автомобили.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни