BMW ја претставува новата Alpina со ограничена серија

BMW оваа недела ќе ја претстави новата, лимитирана Alpina на престижниот Amelia Concours d’Elegance. Новиот модел е наменет исклучиво за пазарите во САД и Канада, а премиерата е закажана за 6 март. По претставувањето, автомобилот ќе биде изложен пред хотелот The Ritz-Carlton на островот Amelia во Флорида.

Ова е прв поголем чекор откако Alpina почетокот на годината целосно премина под контрола на BMW, обновувајќи се како самостојна марка во рамките на групацијата. Иако деталите се уште под ембарго, BMW објави најавна фотографија која покажува дека новиот модел се базира на актуелниот BMW X7, со препознатливи промени во стилот на Alpina.

Ограничената серија најверојатно ќе се темели на X7. Последната верзија XB7 беше претставена во 2024 година, со редизајниран екстериер, луксузен ентериер и подобрени перформанси. Иако можност за целосно нов модел не е исклучена, реалистичниот сценарио е ограничена серија на постоечката изведба со ексклузивни бои и специјална конфигурација за северноамериканскиот пазар.

Актуелниот XB7 го покренува 4.4-литарски V8 битурбо мотор со 613 КС и 800 Nm вртежен момент, кој забрзува до 96 км/ч за 3.9 секунди, а во САД стартува од околу 156.000 долари.

Alpina е основана во 1965 година во Баварија, а во 1983 станува независен производител на автомобили. Децении наназад, брендот градел репутација како луксузна и суптилна алтернатива на BMW M дивизијата, со акцент на моќни мотори и удобност на долги патувања. Во 2022 година, BMW повторно ја презема Alpina.

BMW на Amelia Island нема да биде присутен само поради Alpina. На викендот ќе се одбележат значајни јубилеи. BMW Classic USA ќе организира изложба на сите шест генерации на моделот M3, по повод 40 години од постоењето на овој култен спортски автомобил. Посетителите ќе можат да ја следат еволуцијата од оригиналниот E30 од 1985 година до актуелната G80 генерација.

Меѓу изложените примери се истакнуваат редоките E36 M3 Lightweight, тркачкиот E46 M3 GTR и E92 M3 Lime Rock Park Edition, лимитирана серија произведена во само 200 примероци. Покрај M3, BMW одбележува и 50 години од Сериската 6, чииот прв E24 coupe е претставен во 1976 година, како и 60 години од легендарниот BMW 2002 кој го обликува спортскиот имиџ на брендот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни