Блокирани 18 гранични премини во Србија за товарен сообраќај

За разлика од извештајот претходно денес, според вечервашниот извештај на АМСС и Управата за гранична полиција, на листата на блокирани сега нема премини и на Мокрање и Прохор Пчињски.

Автомобилскиот сојуз на Србија (ААСС) објави дека вечерва за товарниот сообраќај се блокирани 18 гранични премини во Србија.

Граничните премини со земјите од Европската Унија (ЕУ) беа блокирани во понеделник од возачи на камиони од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија во знак на протест поради заострената постапка за влез во Шенген зоната, која, како што претходно изјавија, го скрати времето за престој во земјите од ЕУ.

Како што наведе ААСС во соопштението, премините Хоргош, Келебија, Бачки Брег, Српска Црна, Ватин, Калуѓерово, Ѓердап, Вршка Чука, Градина, Стрезимировци, Рибарци, Прешево, Батровци, Бездан, Богојево, Бачка Паланка, Нештин и Шид се блокирани.

За разлика од извештајот претходно денес, според вечервашниот извештај на АМСС и Управата за гранична полиција, на листата на блокирани сега нема премини и на Мокрање и Прохор Пчињски.

На граничните премини нема задржувања за патнички возила.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни