Блокада на преминот Богородица: Грчките земјоделци целосно го прекинаа сообраќајот

Сообраќајот кон Грција преку граничниот премин Богородица–Евзони вечерва повторно е целосно запрен поради протест на грчките земјоделци.

Од 17:50 часот преминот е блокиран за сите видови возила, информира Автомото сојузот на Македонија.

И покрај застојот на грчката страна, од АМСМ соопштуваат дека на македонските гранични премини нема подолги задржувања и дека движењето кон и од државата се одвива нормално. Сообраќајот на државните патишта протекува без пречки, по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен.

Блокадата на Евзони е дел од пошироките протести на грчките земјоделци, кои и изминатите денови предизвикуваа повремени прекини на овој стратешки важен премин. Ситуацијата останува променлива, а возачите се советуваат да ја следат состојбата и да планираат алтернативни правци доколку патуваат кон Грција.

Извор: Плус инфо

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни