Search

Блек Кофи имал сериозен инцидент во авион на пат за Аргентина поради што се здобил со повреди

Фото: Инстаграм

Јужноафриканскиот диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee) доживеал повреди за време на лет до Мар Дел Плата во Аргентина, најверојатно поради силни турболенции. Како што објави Би-Би-Си, тој бил примен во локална болница.

Диџејот патувал во туристичкиот град бидејќи требало да настапува во клуб, кога се случил инцидентот. Од неговиот тим објавија дека инцидентот бил сериозен и дека Блек Кофи се здобил со неколку повреди.

Од клубот каде што требаше да настапува Блек Кофи известија дека диџејот се здобил со сериозни удари на неговото тело.

Неговиот авион, со кој патувал од бразилскиот град Флорианополис, морал принудно да слета на аеродром во Монтевидео. Од неговиот тим кажаа дека и покрај сите предизвици, Блек кофи е оптимист и закрепнува добро.

Илјадници Јужноафриканци изразија загриженост за инцидентот и му дадоа поддршка преку социјалните мрежи.

„Му посакувам брзо закрепнување на Блек Кофи. Направи многу за да ја развие музиката во Јужна Африка и прикаже на светот“, рече министерот за спорт, уметност и култура Зизи Кодва на Икс.

47-годишниот уметник, чие вистинско име е Нкосинати Инноцент Махумуло, е еден од најуспешните африкански забавувачи.

Некои од неговите најголеми признанија вклучуваат освојување на Греми во категоријата Танц/електронски албум во 2022 година и распродажба на Медисон Сквер Гарден во Њујорк минатиот октомври.

Извор: BBC

Најново

Последни колумни