Koe место ја носи титулата најубаво во Европа?

Многу од најимпресивните дестинации во светот се наоѓаат во Европа, поради што списанието „Time Out“ редовно ја ажурира својата листа на најубави места на нашиот континент.

Освојувањето на првото место на таква листа не е мала работа, а оваа година тоа е езерото Блед.

Најпознатото словенечко езеро, кое се наоѓа во Јулиските Алпи во областа Горењска, ги надмина Цермат, Света Софија и Алберобело и ја освои титулата најубаво место во Европа.

Што го прави Блед толку магичен?

„Кога е ведро, можете да ги видите контурите на дрвјата и планините на стаклената површина на водата“, пишува Роуз Џонстон, уредничка за комерцијални содржини на Time Out.

„Вашиот поглед веднаш оди кон малиот остров во средината, каде што се наоѓа црквата „Успение на Пресвета Богородица“. А тој нежен звук на ѕвона? Се слуша од камбанаријата висока 52 метри, која туристите ја ѕвонат како награда откако ќе успеат да се искачат по 99-те скалила“, додаде таа

Во црквата има таканаречено ѕвоно за желби, кое им укажува на љубопитните посетители дали нивната желба ќе се оствари или не. Велат дека е добро ако го слушнете три пати. Но, не заборавајте едно многу важно предупредување – дозволено ви е да замислите само една желба.

Легендата за потеклото на ѕвоното за желби

Приказната вели дека во текот на 16 век, на остров на езерото Блед живеела жена, чиј сопруг прво бил убиен од разбојници, а потоа неговото тело било фрлено во езерото. Затоа решила да го собере целото богатство што го има и да нарача ѕвоно, кое ќе биде поставено во црквата на островот.

Ѕвоното со желби, како што се нарекува денес, го направил италијанскиот мајстор Францискус Патавинус во 1534 година во Падова.

И ништо не би било чудно овде, ако ѕвоното не доживеало сосема необична судбина. Кога мајсторот го испратил на езерото Блед, започнала силна бура, која ги превртела чамецот, рибарот и ѕвоното. Наводно, дури и денес, звукот на ѕвоната може да се чуе од дното на езерото Блед, кога ноќите се особено мирни.

Не долго потоа, неутешната вдовица решава да го напушти островот и да се пресели во манастир во Рим. Слушнувајќи за тоа, кога жената веќе починала, Папата решава да го донира ѕвоното на црквата „Госпоѓа Богородица на островот“, како што се нарекува и таа.

Замок, клисура, велосипедски патеки…

Бројни водни спортови, велосипедски патеки, кањони и планинарски патеки ве очекуваат околу езерото, но едно место што не треба да го пропуштите е клисурата Винтгар.

Се наоѓа околу 4 км северозападно од селото Блед и е особено убава точка на патувањето. Таму ќе најдете патека низ вирови, брзаци и потоци, како и дрвена патека што води сè до Шумскиот водопад.

„Ако погледнете нагоре, ќе го видите покривот во боја на теракота на Бледскиот замок, изграден во шеснаесеттиот век. Само терасата на кафулето вреди да се посети, особено ако нарачате нивниот специјалитет, парче Блед кремпита, лесна кремаста торта прелиена со крцкаво лиснато тесто“, рече Џонстон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни