Блејк Лајвли го обвини нејзиниот колега Џастин Балдони за сексуално вознемирување

Актерката Блејк Лајвли го обвини нејзиниот колега од „It Ends with Us“, 40-годишниот актер Џастин Балдони за сексуално вознемирување.
Фото: Ronald Woan, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Во тужбата, до која дојде ТМЗ, 37-годишната актерка тврди дека однесувањето на Балдони ѝ предизвикало „сериозна емоционална вознемиреност“.

Во тужбата се наведува дека состанокот бил одржан за да се решат нејзините тврдења и барања да работи на филмот. Присуствуваа многу луѓе, вклучувајќи го и сопругот на Лајвли, Рајан Рејнолдс.

Според тужбата, цитирана од TMZ, некои од барањата вклучуваат „да престане да прикажува експлицитни видеа или фотографии пред актерката, да престане да ја спомнува поранешната наводна ‘зависност од порнографија’ на Балдони, да престане да разговара за сексуални работи пред актерката и да престане да додава сцени за секс, орален секс или оргазам за Блејк Лајвли, освен во рамките на сценариото што таа го одобри при потпишувањето на договорот за проектот“.

Според TMZ, во тужбата се наведува дека Sony Pictures, дистрибутерот на филмот, ги исполнил барањата на актерката.

Потсетуваме, претходно се зборуваше за тензии и несогласувања меѓу главните актери, кои го засенија новиот филм „It Ends with Us“. Според извори од филмската индустрија, Блејк Лајвли и Џастин Балдони се скарале. Неодамна за тоа проговорија членовите на филмската екипа кои сакаа да останат анонимни.

Тие изјавија за Ролинг Стоун дека тензиите меѓу двајцата се „отворена тајна“ на снимањето.

„Сите знаеја дека не се сакаат. Мислам дека некои од гласините се малку претерани. Мислам дека Блејк и Џастин не се мразат еден со друг, но мислам дека нема да соработуваат повторно“ вели извор од сетот.

„Имаше спротивставени идеи за тоа како да се направи филмот“, рече друг член на екипата.

„Бидејќи Блејк го финансираше, Џастин не можеше да се справи со тоа“.

Шпекулациите за лоша врска меѓу двајцата почнаа да се шират откако многумина забележаа дека не го промовираат филмот заедно.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни