Благој Ламњов со концерти во Велес и во Битола

Македонско-шведскиот кларинетист Благој Ламњов ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Велес утревечер во 20 часот во Театарот „Јордан Хаџи Kонстантинов-Џинот“. Концертот е распродаден. Поради големиот интерес, на 5 јуни тој ќе одржи концерт и во Офицерскиот дом во Битола во 19.30 часот. Ламњов ќе ја изведе музикaта од албумот „Носталгична љубов“, како и мали музички изненадувања. Тој ќе настапи заедно со гитаристот Петер Тегнер од Шведска.

Во овој интимен концертен амбиент ги поместува границите на инструментот кларинет, мешајќи го македонскиот фолклор со сензитивноста на западната класична музика. Под влијание на двата музички жанра, зачинет со префинета сензитивност, музичкиот стил на Благој ќе ви понуди концертно доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија, создавајќи мост помеѓу стариот и модерниот свет.

Ламњов вели дека концертот ќе биде доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија како мост помеѓу стариот и модерниот свет.

Музичарот од Велес на 19 години почнал да студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дотогаш веќе имал настапи во околу 15 европски земји. Кога бил трета година студии се префрлил во Шведска, на универзитетот Лунд. Живее во Малме.

Најново

Последни колумни