„Снимав во Малме, Шведска, во студиото Gula со неверојатниот инженер за звук Дејвид Карлсон. Сите инструменти се живи – кларинет, пијано, гитара, бас, перкусии, малку вокали, па дури и звуци од Јадранското Море што ги снимив во Хрватска. Сè завршив за два и пол дена,“ вели Ламњов, нагласувајќи дека зад секоја песна се крие лична приказна и внимателно одбрано име.
„Албумот е мешавина од класична западна интерпретација и македонски народни орнаменти. Најголем дел од композициите се мои, инспирирани од музиката што веќе постои во светот, но има и традиционални мелодии.“
Во наредните денови, Ламњов ќе објави краток трејлер од снимањето и имињата на сите песни од албумот, кој ветува дека ќе биде вистинско музичко доживување.