Стапката на невработеност во јануари 2025 година изнесувала 6,2%, што претставува благ пад од 0,1 процентен поен во однос на декември 2024 година, односно пад од 0,3 процентни поени во однос на истиот месец од претходната година кога стапката беше 6,5%. Стапката на невработеност во Европската унија (ЕУ) била 5,8% во јануари 2025 година, што исто така е стабилно во споредба со декември 2024 година кога стапката беше 5,9%.
Евростат проценува дека во ЕУ во јануари 2025 година имало невработени 12,824 милиони луѓе, од кои 10,655 милиони во еврозоната.
Во споредба со декември 2024 година, невработеноста се намалила за 8.000 во ЕУ и за 42.000 во еврозоната. Во споредба со јануари 2024 година, невработеноста е намалена за 510.000 во ЕУ и за 547.000 во еврозоната.
По земји, највисока стапка на невработеност во јануари забележале Шпанија (10,4%), Шведска (8,9%), Грција и Финска (обете 8,7%). Најниска невработеност забележале се Чешка и Полска (2,6%).
Во ЕУ, во јануари биле невработени 2,856 милиони млади лица под 25 години, што претставува 14,6% од младите. Невработеноста меѓу младите во еврозоната изнесувала 14,1%, што е намалување од 0,1 процентен поен во споредба со претходниот месец.
Гледано по полови, во јануари 2025 година стапката на невработеност за жени изнесувала 6%, додека за мажи била 5,6%. Во еврозоната, стапката на невработеност за жени била 6,4%, а за мажи 6%.