Програмата започнува во 19:00 часот со настап на Melty Disco, во 20:15 сцената ја презема IDQ со својот препознатлив Hybrid DJ Set, а од 22:00 следува хипнотизирачкиот сет на Black Coffee.
Зошто Black Coffee е единствен?
Неговите сетови се препознатливи по длабоки басови, емотивни мелодии и органски спој на традиционалeн африкански ритам со современ house звук. Токму овој автентичен пристап го издвои од масата и го однесе на најголемите сцени во светот – од Ibiza и Miami, до Coachella и Tomorrowland.
Блек Кофи (Black Coffee) — музички феномен од Јужна Африка, роден како Nkosinathi Maphumulo, е еден од најреномираните house DJ-ве и продуценти во светот. Тој го освои Греми-то во 2022 година во категоријата „Best Dance/Electronic Album“ за албумот Subconsciously, прв африкански артист кој го постигнал тоа во оваа категорија Неговата музичка естетика го комбинира house звучноста со R&B, џез и традиционални африкански ритмови, со минималистички и хипнотизирачки пристап во продукцијата и DJ сетовите.
Освен што е глобален музички шампион, Блек Кофи е и филантроп – преку својата Фондација ја подржува едукацијата и уметноста во Јужна Африка.
Блек Кофи веќе има настапувано на Балканот – во 2017 во белградската Barutana, како и на Exit Festival 2024 во Нови Сад, каде неговиот сет беше еден од највпечатливите на фестивалот.
Black Coffee е познат по тоа што секој настап го гради како приказна, спојувајќи techno енергија со soul и jazz чувствителност. Освен во клубовите и фестивалите, тој има соработувано со ѕвезди како Drake, Alicia Keys и David Guetta. Неговиот албум Subconsciously во 2022 година му ја донесе и историската Греми награда.
Карти и детали
Влезници за ова ексклузивно искуство се достапни преку Cooltix:
- Редовна цена: 5.990 RSD
- Ограничен број VIP карти: 11.990 RSD
Настанот е во организација на BLNDR и Topljenje, и ќе биде финален врв на летната OpenAir сезона во Белград 2025 – вечер што сигурно ќе остане запаметена како еден од музичките настани на годината.