„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски ќе игра во „Синеплекс“

По фестивалската турнеја на „Бизнисот на задоволството“, политичкиот трилер на Гоце Цветановски, доаѓа во Скопје. Македонската кинопремиера ќе се одржи на 19 септември, во 19, 30 часот, од кога ќе се најде на репертоарот на „Синеплекс“. 

Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски,  во јули, влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.

После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова беше шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.

Во „Бизнисот на задоволството“ кој ја обработува темата на трговија со жени, во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм. 


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни