„Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски за крај на CINEDAYS 

Со македонската премиера на „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветановски, вечерва во МКЦ парк во 21 часот, завршува 22-от CINEDAYS. 

Филмот е прво долгометражно остварување на авторот, кое доживува екранизација и адаптација по долг низ години откога е напишано.   

„Сценариото го започнав уште како студент во Париз, во 2002 година, и не очекував дека филмот некогаш ќе го снимам. Кога се вратив во Македонија, повторно налетав на сценариото во една кутија, и го препрочитав од љубопитност. Сфатив дека има добра подлога за филм, и решив да го адаптирам за македонски услови, бидејќи во таа верзија, дејствието се случуваше во Париз. Одамна сакав да направам приказна во која давам коментар за некои социјално релевантни теми, а сето тоа да биде ненаметливо спакувано“– вели Цветановски во пресрет на премиерата на филмот. 

По премиерата на филмот во Бугарија на фестивалот „In the palace“ во Софија, каде ја зема наградата за најдобар филм, Цветановски со нетрпение ја очекува реакцијата на македонската публика, за која вели дека го има последниот збор.  

Филмот Бизнисот на задоволството“  е трилер – драма во која опседната со исчезнувањето на најдобрата пријателка, жртва на трговијата со жени, една новинарка подготвува тајна операција со цел да ја разоткрие криминалната мрежа. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола и се борат да спасат жива глава. 

Сценаритото, монтажата и режијата се на Гоце Цветановкси, кинематографер на филмот е Фејми Даут. 

Продуцент на филмот е на Макеоднскат крепост, A White River Films, City Star Production, Seven Image и 351 Studio 

Во филмот играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски и Елени Декидис  

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни