Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветановски, во јули, влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.
После Аргентина, Панама, Перу, Венецуела и Боливија, ова беше шеста номинација на „Бизнисот на задоволството“ во Латинска Америка. Инаку филмот се закити со награди за најдобар филм во Панама и Перу.
Во „Бизнисот на задоволството“ кој ја обработува темата на трговија со жени, во главните улоги играат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ и Исмаил Касуми, а финансиран е од Агенцијата за филм.