„Бизнисот на задоволство“ на Цветановски на еден од трите најдобри фестивали за музика

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски идниот месец ќе се натпреварува за наградата „Кристална шишарка – Хоризонти“ на Меѓународниот филмски фестивал во Самобор, Хрватска (International Sound and Music Film Festival – ISFMF). Ова е еден од трите најголеми фестивали на светот посветени на звучен дизајн и музика за филм. Наградата во рубриката Хоризонти, каде што е селектиран нашиот филм е наменета за проекти кои се истакнуваат со специфична и важна тематика, а имаат висококвалитетна музика и звук.

За наградата номинирани се авторите на музиката на филмот, Димитар Андоновски, Зоран Алексиќ и Милан Симовски.

Уметничкиот одбор на фестивалот го сочинуваат Ранди Том, кој има добиено два пати „Оскар“ и еден од најпочитуваните звучни дизајнери во Холивуд. Работел на класици како Војна на свездите, Индијана Џонс, Форест Гамп, Хари Потер. Ричард Кинг е дизајнер на звук на речиси сите филмови на Кристофер Нолан, добитник на 4 Оскари. Мајкл Минклер освоил три Оскари, а работел на ЏФК, мјузиклот „Чикаго“, како и на неколку филмови од Квентин Тарантино. Стевен Варбек – оскаровец, за музиката на Заљубениот Шекспир и Роберт Таунсон – еден од најуспешните филмски музички продуценти на светот.

„Бизнисот на задоволството“ досега се закити со награди на повеќе меѓународни фестивали, а во октомври ќе биде премиерно прикажан и во Италија на 27. издание на фестивалот International police award arts festival- IPAAF. Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција за да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни