Бизнисмен од Дубаи ѝ купил остров на сопругата за да може да се сонча во бикини

Соуди Ел Надак од Дубаи на Инстаграм сподели фотографија од островот што ѝ го купил сопругот за да може безбедно да носи бикини во приватноста на сопствената плажа.

„Сакавте да облечете бикини, па сопругот милионер ви купи остров“, напишала Соуди, која е родена во Велика Британија.

Таа е во брак со бизнисменот од Дубаи, Џамал ​​ел Надак, а се опишува себеси како посветена домаќинка. Парот се запознал додека студирале во Дубаи, а во брак се од 2021 година.

Нивниот екстравагантен начин на живот е детално опишан на нејзиниот Инстаграм профил, кој го следат 336.000 луѓе. Таа има видео серија со наслов „Колку мојот маж милионер потроши на мене оваа недела“, и објавува видеа како троши помеѓу 50 илјади и еден милион долари.

Таа неодамна објави видео од нејзината венчавка со порака: „Се омажив за човек од сосема поинаква култура затоа што одбивав да плаќам на состаноци и примав само злато како подарок“.

Во интервјуто таа зборуваше дека сака да го купи островот како инвестиција.

„Мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажа, па ми купи плажа. Заради приватноста, нема да ја откриеме точната локација, но таа е во Азија и чини 50 милиони долари“, рече Соуди.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни