Бизарно правило на снимањето на Џејмс Бонд – зошто Бонд девојките не смееле да се потат

Неверојатно правило од снимањето на Џејмс Бонд открива дека Бонд девојките не смееле да се појават испотени пред камера, без разлика на сцената.

Филмовите за Џејмс Бонд со децении го прикажуваат славниот агент како непобедлив херој кој минува низ екстремни физички напори, тепачки и опасни мисии, често покриен со крв, модринки и прашина. Неговиот имиџ никогаш не бил доведен во прашање, дури и кога сценаријата го ставале во безизлезни ситуации. Но, истите правила не важеле и за женските ликови.

Долги години улогата на таканаречената „Бонд девојка“ била ограничена со строги и необични правила. Едно од најапсурдните било дека актерките не смееле да се појават испотени пред камера, без разлика колку сцената била физички напорна. Додека Бонд можел да изгледа исцрпено и валкано, неговите партнерки морале да останат совршено средени и беспрекорно суви.

Актерката Britt Ekland, која ја толкуваше Мери Гуднајт во филмот The Man with the Golden Gun, откри дека по сцена во која трчала со Roger Moore ѝ било укажано дека Бонд девојките „никогаш не се потат“. Таа изјави дека овие ликови биле третирани како украс, споредувајќи ги со кукли.

Во тоа време, продукцијата предводена од Albert R. Broccoli инсистирала женските ликови да изгледаат беспрекорно, дури и во најинтензивните акциски сцени. Според Екланд, учеството во Бонд филм не ѝ донело посебен напредок во кариерата, а смета дека филмската индустрија често ги доживувала овие улоги повеќе како визуелен елемент отколку како вистинска актерска можност.

Иако поновите продолженија од серијалот се обидуваат да ги прикажат женските ликови послоевито и пореалистично, ваквите правила остануваат дел од историјата на една од најдолговечните филмски франшизи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни