Од НУ Народен театар-Битола информираат дека по големиот успех на претставата „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад каде доби престижна награда за најдобра претстава на фестивалот, со големи амбиции учествува и на осмото издание на фестивалот “Direction east” во Полска.
Утревечер на сцената во Бјалисток ќе настапат актерите Никола Стефанов во улога на Хамлет, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.
Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш, стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон и Борис Пастернак.