Битолскиот планинар Јоце Смилевски, го искачи Островскиот врв (Island Peak), висок 6189 метри на Хималаите, пренесува телевизија Тера.
Островски врв, е планина во Националниот парк Сагарматха во источен Непал. Врвот го доби името Островски врв во 1953 година од страна на членовите на Британската експедиција за Еверест, бидејќи изгледа како остров во море од мраз кога се гледа од Дингбоче.
Јоце е вистински вљубеник во планината, целиот свој живот е спортски активен и во низата успеси има запишано голем број искачени врвови и освоени медали на планински трк
Особена гордост и вредно да се спомне е дека Јоце и во седмата деценија од својот живот е во одлична форма, па ваквиот подвиг го заокружи успешно и со леснотија, рамо до рамо со останатите членови на експедицијата
Инспиративна е неговата посветеност, упорност и ентузијазам и претставува позитивен пример за младите генерации, пишува во веста на ТВ Тера од Битола.
Честитки за ова достигнување на Смилевски му пристигнуваат од сите страни.