Битолски Камерен Оркестар го носи Stars Symphony – MTV The Greatest Hits & Schiller Symphony во Скопје

Битолски Камерен Оркестар IWConnecg го носи својот проект „Stars Symphony“ во Скопје. Овој проект за првпат беше изведен минатата година во Битола, на Градскиот стадион Петар Милошевски, каде собра повеќе од 4000 луѓе. Настанот траеше повеќе од 6 часа, а оваа година на 20 мај, во арена „Борис Трајковски“ во Скопје, публиката ќе има можност да ужива во Stars Symphony, кој ќе биде спој на поп и рок музиката од златните децении и современата електронска музика.

Настанот ќе трае четири часа и се содржи од два дела. Првиот дел е продолжение на добропрепознатливиот проект MTV The Greatest Hits, но овојпат со комплето освежен репертоар со најголемите хитови од златната доба од 80-тите и 90-тите. На сцената покрај оркестарот и пејачите, ќе има и хор и балет.

Во вториот дел од вечерта, публиката ќе биде дел од Schiller Symphony. Познатиот германски артист Schiller, пионер на електронската музика ќе настапи во живо заедно со Битолски Камерен Оркестар. Овој склоп на електронски звук и класични инструменти ветува ретко и необично доживување, кое ќе ги надмине границите на едно обично концертно искуство.

На сцената ќе се најдат над 100 учесници – професионални музичари, хор, балетски изведувачи и солисти, кои ќе понудат четиричасовен незаборавен музички спектакл. Публиката може да очекува искуство кое забавува, и ги враќа во времето на незаборавните музички хитови.

Цените на влезниците се организирани според позициите во салата:

  • ПАРТЕР (стоење): 600 денари
  • ТРИБИНИ М (седење): 800 и 1000 денари
    Билетите се достапни онлајн на следниот линк: https://yournextevent.info/event.php?id=138

Дополнително, дел од средствата од продажбата на влезници ќе бидат донирани за семејствата настрадани во трагичниот настан во Кочани, што го прави овој настан не само културен, туку и хуманитарен.

Наскоро ќе бидат откриени и имињата на познатите пејачи кои ќе бидат дел од вечерта. Овој мај, салата „Борис Трајковски“ ќе пулсира во ритамот на најдобрите музички спомени. Подгответе се за вечер каква што ретко се гледа и доживува.

За повеќе информации за настанот, посетете ги профилите на социјалните мрежи на Битолски Камерен Оркестар на Facebook и Instagram.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни