Битолчани со нови барања за прекин на проектот за изградба на депонија во Пелагонија

Во наредниот период наместо да зборуваме, ние ќе правиме притисок врз членовите на Советот на Општина Битола и Советот на Општина Новаци да донесат одлука со која јасно ќе биде посочено дека се против изградба на депонија, односно да ги променат претходно донесените одлуки со кои тие се сложиле за овој проект, изјави Зоран Лазаревски, член на иницијативниот одбор што е против изградбата на депонија во Пелгонија.

Според Лазаревски, ако новите барања не се исполнат, тогаш, како што рече, „ние ќе мора да бараме организирање референдум во општините Битола и Новаци за што е потребно собирање потписи, а со успех на референдумот, нема да има депонија во Пелагонија“.

-Ова е шести собир против изградбата на депонија во Пелагонија, но мислам дека од битолчани треба да има многу поголем одѕив затоа што не смее да има пасивност. Информирани сме дека обезбедените пари за изградба на депонија не се донација туку кредит кој ќе треба ние граѓаните да го враќаме. Нашите барања се јасни и едноставни и не се против ниту една партија, напротив нашите барања се за граѓаните што живеат во Битола, во Новаци и во Могила. Нашето барање е депонијата да не е над плодно земјиште, на место каде има вода за пиење и затоа предлагаме наместо во Пелагонија депонијата нека биде во Криволак бидејќи е далеку од населено место, истакна Лазаревски.

На вечерашниот протест против изградба на депонија во Пелагонија што се одржа на плоштадот „Магнолија“, членовите на иницијативниот одбор побараа да го видат проектот и сообраќајницата обиколница која ќе води до депонијата. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни