Битола отворена сцена за над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија

Со дефилето по Широк Сокак и со изведба на Комитското, по 53. пат вчера светскиот фолклор се славеше на Илинденски денови во Битола . Над 1.200 гости од Ирска, Италија, Мексико, Чиле, Грузија, Хрватска, Србија, Бугарија и Македонија ќе настапат на многу локации низ градот, претворајќи ја Битола во отворена сцена во следните неколку денови. Ова е фестивал кој трае вкупно 13 денови и има испланирано 60 настани, како културно ехо на манифестот од 1903- а годинава се одржува под мотото “Отворен круг”.

Големото дефиле „Со песни и игри низ битолските улици”, на „Илинденски денови“ ја прокламира благородната мисија на илјадници народни уметници да се  преслика автентичната вредност на културното наследство на идните генерации. За градот домаќин и организаторот овој фестивал над половина век е печатот на нашиот идентитет.

Центарот за култура е носител на оваа култна манифестација за македонската култура. Директорката на оваа културна установа Маја Андоновска Илијевски рече дека фестивалот ги инспирира младите генерации да продолжат да творат и да покажат интерес за фолклорот како едно од нашите главни обележја. 

Маја Андонова Илијевски

Фестивалот „Илинденски денови“, кој е дел од програмата на Битолското културно лето Битфест, 15-то по ред и годинава ја отсликува заложбата на локалната самоуправа, да даде поддршка на вистинските културно уметнички вредности. Цели 53 години фестивалот настојува да ја продолжи традицијата живо да егзистира меѓу народот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни