Најпознатата криптовалута биткоин утрово достигна нова рекордна вредност и за првпат надмина 105 илјади долари.
Според Ројтерс, вредноста на биткоинот се зголемува откако Доналд Трамп победи на претседателскитее избори во Соединетите Америкнаски Држави (САД), а за време на неговата кампања ветуваше дека ќе го направи стратешки резервен фонд.
Дигиталната валута е создадена во 2008 година како низи од компјутерски кодови, без физичка форма, од развивач на софтвер, што го користи псевдонимот Сатоши Накамото, чиј идентитет сè уште не е потврден.
Поддржувачите ја поздравија монетата и поширокиот криптопростор како иднина на финансиите. Засега, не се остварија предвидувањата дека биткоинот може да стане главно алтернативно средство за плаќање на стоки и услуги.