„Од изборите, берзанските индекси скокнаа, а оптимизмот кај малите фирми достигна рекордни 41 поен, што е највисоко ниво во последните 39 години. Биткоин руши еден рекорд по друг,“ додаде Трамп.
Мим коини $TRUMP и $MELANIA
Во текот на кампањата, Трамп отворено ја поддржа криптовалутата. Неговите ветувања, како тоа дека САД ќе станат „крипто-престолнина на светот“ и ќе создадат „стратешки национални резерви на биткоин“, го поттикнаа оптимизмот меѓу инвеститорите.
Биткоинот ја поврати вредноста откако претходно падна од над 102.000 долари на околу 100.000 долари, откако првата дама Меланија Трамп го издаде својот сопствен мим коин, што ја одвлече ликвидноста од поголемите средства.
„Биткоин достигна 108.000 долари, додека другите криптовалути забрзано растат пред американската претседателска инаугурација, со надеж дека новите политики и регулативи ќе го поттикнат растот на цената на BTC оваа година, додека американската економија продолжува да покажува долгорочна сила,“ изјави Бен Ел-Баз, генерален директор на компанијата HashKey Global, пренесува Ројтерс.
„Дополнителен импулс дадоа мим коините TRUMP и MELANIA, кои привлекоа повеќе мали инвеститори, како и надежите дека Трамп ќе и даде приоритет на крипто-индустријата и ќе ја потврди својата посветеност на овој сектор,“ додаде Ел-Баз.
„Биткоинот ќе продолжи да расте“
Целите за крајот на годината за биткоин се движат од 185.000 до дури 250.000 долари, според извештаите на CoinDesk.
Во меѓувреме, доминацијата на биткоинот на пазарот започна да расте и сега се приближува до 60%, што е највисоко ниво од 20 декември.