Бисера Костадинова Стојчевска го честита Денот на независноста на САД

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска на нејзиниот фејсбук профил го честита Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.
„Честит 4-ти јули, Денот на независноста на САД. Упатувам длабоко почитување и искрена благодарност за сета поддршка и пријателство кои ги добиваме од првиот ден на нашата независност. Нашето членство во НАТО само го потврди сојузништвото во име на мирот и демократијата“, напиша Костадинова Стојчевска.
Таа потенцираше дека од особена важност за нас е поддршката што ја добиваме во областата на заштитата на културното наследство, преку Амбасадорскиот фонд на САД, со што долгорочно се заштитуваат културните добра од светско значење.

„Особено сакам да го поздравам враќањето на Соединетите Американски Држави во УНЕСКО, како една од државите основачки на оваа Организација“, истакна таа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни