Биографска книга ,,Готра” за Горан Трајкоски на Тошо Филиповски

Книгата на 333 страници и содржи над 200 фотографии, како и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан.

На 21-ви ноември во рамки на едицијата „Македонски рок архив“ на Тошо Филиповски, ќе биде објавена биографска книга ,,Готра” за Горан Трајкоски кој во минатото настапуваше и со „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“.

Книгата на 333 страници и содржи над 200 фотографии од кои повеќе од 100 се необјавени.

Содржината вклучува изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан, комплетна биографија и дискографија на Горан Трајковски, листа на сите театарски претстави за кои има создавано музика збогатено со рачно испишани текстови, сет листи, флаери, плакати, влезници, насловни страници и фото сесии од интервјуа и написи во весници.

Издавач е „Корпус деликти рекордс“.


„Готра“ е петтата книга во едицијата по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“, „Македонска дискографија-винили 1958-2019“, „Македонски рок времеплов“ и „Мизар – Откровенија 1981-2021“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни