Билки кои не бараат наводнување во зима

Грижата за билките е специфична во зависност од видот на растението, годишното време и влажноста на воздухот во просторот каде што се чуваат, но сепак, одредени растенија би ви биле благодарни доколку не ги наводнувате во зима.

Кактуси

Кактусите воопшто не треба да ги наводнувате во текот на зимата, всушност тие ќе напредуваат доколку ги занемарувате до пролет.

Кактусите сакаат да имаат силна директна сончева светлина, па затоа во покрактките зимски денови овие растенија треба да се преместат поблиску до прозорците за да им се овозможи најмногу светлина.

Сочници

На сочниците (сукулентите) ќе им треба многу малку вода во текот на зимата, но ако листовите почнат да се збрчкуваат, додадете малку вода.

Како и кактусите, сочниците сакаат многу светлина, па затоа треба да се стават на најсветлите места во вашата куќа. Всушност, многу од овие растенија живеат надвор во текот на целата година, во нашите градини. Во зима, тие треба да се заштитат од мраз и снег со носење во покриен простор.

Месојадни билки

Месојадните растенија мируваат во зима. Почвата треба да се одржува влажна во зимскиот период. Тие исто така сакаат да бидат на студ, па затоа е идеална незагреана просторија или стаклена градина.⁠

Повеќето други домашни растенија ќе бараат поретко наводнување во текот на зимските месеци. Со помалку светлина и топлина, растенијата ќе го забават нивниот раст и затоа им треба помалку вода. Секогаш се препорачува да ја проверите почвата со прст за да тестирате колку е сува почвата пред наводнување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни