Музичарот Били Џоел ја одложува својата турнеја за четири месеци поради здравствена состојба.
Во соопштението објавено на неговиот Инстаграм се вели дека турнејата била прекината откако хит-пејачот неодамна бил опериран, пишува Дејли мејл.
Иако веста за одложувањето предизвика загриженост кај фановите, во соопштението се нагласува дека Џоел, кој има 75 години, се очекува целосно да закрепне.
„Сегашната турнеја ќе биде одложена за четири месеци за да му се овозможи да закрепне од операцијата и да оди на физикална терапија под надзор на лекар. Се очекува Џоел целосно да закрепне. Турнејата ќе продолжи на стадионот Акрисар во Питсбург на 5 јули 2025 година“, се вели во соопштението.
„Иако жалам што морам да ги одложам концертите, моето здравје мора да биде на прво место. Со нетрпение очекувам да се вратам на сцената и да ја споделам радоста на музиката во живо со нашите неверојатни обожаватели. Ви благодариме за разбирањето“, изјави Џоел.
Влезниците кои се веќе купени ќе важат „автоматски“ за новите датуми на концерти.