Били Ајлиш доминираше на Американските музички награди 2025

Таа ги „собра“ најголемите награди на вечерта, вклучувајќи ги и наградите за изведувач на годината, албум на годината, песна на годината…

Били Ајлиш убедливо победи на Американските музички награди, освојувајќи ги сите седум награди за кои беше номинирана.

И покрај тоа што не беше на доделувањето во Лас Вегас затоа што моментално е на турнеја во Европа, младата пејачка ги „собра“ најголемите награди на вечерта, вклучувајќи ги и наградите за изведувач на годината, албум на годината, песна на годината, омилен изведувач на турнејата, омилен поп албум и омилена поп песна.

Бијонсе конечно победи за најдобар кантри албум, и покрај тоа што не и успеа на доделувањето на наградите на Здружението за кантри музика, а подоцна и на наградите на Академијата за кантри музика.

Џенет Џексон ја доби наградата „Икона“, а Род Стјуарт ја затвори вечерта, добивајќи ја наградата за животно дело.

Пејачот го изведе својот класик „Forever Young“.

Ова беше прво појавување на Стјуарт на доделувањето на наградите „AMA“ по 20 години, а тој беше изненаден на сцената со неколку членови на неговото семејство со почесната награда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни