БИЛД: Најмалку 11 загинати во нападот во Магдебург, преку 80 повредени

Германскиот весник БИЛД објави дека во терористичкиот напад на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург загинале најмалку 11 лица, а преку 80 се повредени.

Нападот се случил во 19 часот вечерва откако напаѓач со автомобил влета во собраните луѓе на божиќниот пазар во центарот на градот.

Полицијата го приведе возачот, според извори од локалната власт, цитирани од германската новинска агенција ДПА.

Властите го затворија божиќниот пазар, а службите за итни случаи се на местото на настанот. Повредените се лечат на лице место во поставени медицински шатори.

Германскиот канцелар Олаф Шолц објави дека извештаите од Магдебург се лоши и изрази сочувство со семејствата на загинатите и повредените.

Според полицијата, напаѓачот откако удрил во насобраните граѓани возел 400 метри низ луѓето, газејќи се пред него.

Магдебург, град западно од Берлин, е главен град на покраината Саксонија-Анхалт и е дом на околу 240.000 луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни