Актерот се појави во шоуто на Дру Баримор, каде ја сподели тајната зад незаборавниот момент на шепотењето во филмот.
Бил Муреј, го сподели своето сеќавање на филмот „Изгубени во преводот“ од 2003 година во шоуто на Дру Баримор оваа недела. Но, не помина многу време пред да зборува и за незаборавната сцена со шепотењето помеѓу него и Скарлет Јохансон.
„Па, имаше една девојка, таа беше тинејџерка тогаш, се викаше Скарлет Јохансон“, изјави Муреј. „Таа имаше само 17 години кога го снимавме тој филм, 17 години и беше прекрасно да работам со неа и Софија (Копола).“
Дру веднаш го праша актерот за таа сцената, која секој гледач ја памти: шепотењето на крајот од филмот.
„Чувствувам дека сум една од тие што постојано го прашуваат ова“, рече Баримор, потоа го постави своето прашање: „Што беше кажано во тој момент?“
„Таа беше инспирирана сцена, се случи спонтано, во моментот“, кажа Муреј.
Муреј ги опиша моментите кога Софија Копола го погледала и додала дека тоа ќе биде уште подобро ако не знаеме што всушност било кажано. Тоа бил момент на визија, без потреба од зборови.
Тој ја повтори сцената, шепотејќи во увото на Баримор, а публиката реагираше со силни аплаузи и смеење.
„Благодарам Бил“, рече Баримор, возбудена од моментот.
Оваа сцена се смета за еден од најемотивните и мистериозни моменти во историјата на киното.