Бил и Хилари Клинтон одбиле да сведочат во конгресната истрага за починатиот финансер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, која ја водат републиканците, оценувајќи дека станува збор за постапка мотивирана од страна.
Во писмо до републиканскиот пратеник Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, тие напишале дека „секоја личност мора да одлучи кога ѝ е доста“, додавајќи дека за нив „тој момент е сега дојден.“
Можни последици од одбивањето да сведочат
Комер заканил дека ќе ги прогласи Клинтоновите виновни за непочитување на Конгресот ако не се појават пред комитетот, што потенцијално може да доведе до кривични пријави.
Во писмо кое Хилари Клинтон го споделила на социјалните мрежи, Клинтоновите наведоа дека се обиделе да обезбедат она „малку информации“ што ги имаат за да помогнат во истрагата, додека Комер го обвиниле за одвлекување на вниманието од пропустите на администрацијата на Трамп.
„Тоа го направивме затоа што злосторствата на Епштајн беа ужасни. Ако владата не направила сè што можела за да истражи и гони тие злосторства, по кој било причин, тоа треба да биде фокусот на вашата работа… Нема докази дека вие го правите тоа“, напишале тие.
„Нема убедливо објаснување за она што го правите, а да не е партиска политика“, порачаа тие, додавајќи дека очекуваат Комер да му нареди на комитетот да ги прогласи виновни за непочитување на судот.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп наредила, под притисок од политичката база на Трамп, Министерството за правда да ги објави досијата поврзани со кривичните истраги за Епштајн, кој некогаш бил пријател со Трамп и Клинтоновите, а сето тоа во согласност со законот за транспарентност донесен од Конгресот.
