Комитетот за надзор и реформа на американскиот Претставнички дом, предводен од републиканците, најави дека поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, и неговата сопруга, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, ќе бидат обвинети за непочитување на Конгресот ако не се појават на затворените сведочења во рамките на истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн.
Портпаролот на Комитетот соопшти дека Бил Клинтон добил судски повик да се појави пред конгресните истражители на 13 јануари, додека Хилари Клинтон добила повик за сведочење на 14 јануари. До сега, ниту едно од нив не потврдило дека ќе се одзове, пренесува Politico.
„Тие се законски обврзани да се појават и очекуваме тоа да го сторат. Ако Клинтони не се појават, Надзорниот одбор на Претставничкиот дом ќе покрене постапка за непочитување на Конгресот“, изјави портпаролот.
Ова овластување на Конгресот, кое ретко се користи, може да резултира и со затворска казна за Клинтони. За споредба, двајца соработници на поранешниот претседател Трамп, Стив Бенон и Питер Наваро, беа осудени на затвор поради одбивање да соработуваат со комитетот кој истражуваше нападите на Капитол на 6 јануари 2021 година.
Портпаролот на Бил Клинтон порано изјавил дека поранешниот претседател не бил свесен за злосторствата на Епштајн и дека од 2019 година не разговарал со него повеќе од една деценија
