Иако иднината веројатно нема да изгледа како некој дистописки научно-фантастичен филм, за нас, обичните смртници, ситуацијата би можела да биде многу лоша како што напредува вештачката интелигенција, барем според милијардерот Бил Гејтс, пренесува Citymagazine.
Технолошкиот магнат, наводно, предупредил дека многу работни места едноставно ќе застарат бидејќи технологијата станува се повеќе вкоренета во општеството. Сепак, Гејтс е прилично сигурен дека постојат три професии кои вештачката интелигенција не може да ги замени.
Програмери
Иако вештачката интелигенција може да генерира код, таа е далеку од совршена во овој момент. Луѓето ќе треба да ја следат вештачката интелигенција, да поправаат грешки и да дизајнираат уште понапредни системи.
Експертите за енергија
Гејтс исто така спомна дека енергетскиот сектор е премногу сложен за вештачката интелигенција реално да може да го управува во оваа фаза. Нафтените, нуклеарните и обновливите извори бараат стратегија и премногу експертиза за индустријата да биде целосно автоматизирана. Ќе продолжат да бидат потребни инженери, истражувачи и техничари за управување со инфраструктурата, разбирање на предизвиците во индустријата и иновации.
Биолози
Што се однесува до биолозите, додека вештачката интелигенција може да се користи како алатка во медицинската индустрија (како што веќе се користи), на технологијата ѝ недостасува креативност потребна за научни откритија. Така, во меѓувреме, експертите најверојатно ќе користат вештачка интелигенција за да анализираат големи количини на податоци и да дијагностицираат болести.
Гејтс призна дека може да греши и дека начинот на кој се користи оваа технологија веројатно ќе го преобликува секојдневниот живот слично како што направија Индустриската револуција и Интернетот во минатото.