Бил Гејтс го обвини Маск дека ги убива најсиромашните деца во светот

Милијардерот Бил Гејтс го интензивираше својот судир со Илон Маск, обвинувајќи го најбогатиот човек на светот дека „ги убива најсиромашните деца на светот“ со мерки што ги нарече погрешно насочени кратења во американската развојна помош, пишува денес Фајненшел тајмс.

Милијардерот Бил Гејтс го интензивираше својот судир со Илон Маск, обвинувајќи го најбогатиот човек на светот дека „ги убива најсиромашните деца на светот“ со мерки што ги нарече погрешно насочени кратења во американската развојна помош, пишува денес Фајненшел тајмс.

Сосновачот на Мајкрософт, кој најави дека ќе го интензивира својот филантропски ангажман во следните 20 години и дека ќе ја затвори својата фондација „Гејтс“ во 2045 година, во интервју изјави дека Маск при планирањето на кратењата се водел од незнаење.

Масковиот Оддел за ефикасност на владината работа, познат како DOGE, во февруари практично ја затвори Американската агенција за меѓународен развој (USAID), главната федерална институција за доделување американска помош, изјавувајќи дека „ѝ дошло време да умре“.

Гејтс оцени дека наглите кратења довеле до тоа храна и лекови, неопходни за спасување животи, да изгубат дел од квалитетот и употребливоста во магацините, што може да предизвика ширење на заразни болести како мали сипаници, ХИВ и детска парализа.

„Сликата на најбогатиот човек на светот како ја убива најсиромашната земја во светот не е убава“, рече Гејтс, кој некогаш и самиот беше најбогатиот човек на светот.

Тој тврди дека Маск го укинал финансирањето за болница во провинцијата Газа во Мозамбик, наменето за спречување на пренос на ХИВ од мајки на деца, поради погрешно верување дека САД испраќаат кондоми на Хамас во Појасот Газа.

„Би сакал сега да оди и лично да ги сретне тие деца кои се заразиле со ХИВ поради тоа што тој ги укина тие средства“, додаде Гејтс.

Овој 69-годишен филантроп вчера објави план да го подари буквално целиот свој имот во наредните 20 години, при што неговата фондација треба да потроши повеќе од 200 милијарди долари за глобално здравство, развој и образование. Во изминатите 25 години фондацијата има инвестирано околу 100 милијарди долари.

Фондацијата ќе се затвори во 2045 година, децении пред првично планираниот рок.

Според Гејтс, причината за забрзаното дарување е постигнување максимален ефект и обезбедување средства за конечно искоренување на заразни болести како детска парализа и ХИВ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни