Бил Гејтс призна-ова е најголемата грешка во неговиот живот! Го чинеше дури 400 милијарди долари

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, неодамна проговори за грешка во неговата кариера што ја чинеше компанијата неверојатни 400 милијарди долари.

Во неодамнешно интервју, Гејтс отворено зборуваше за неуспехот на „Мајкрософт“ да обезбеди упориште на пазарот на мобилни оперативни системи – неуспех што му овозможи на „Андроид“ на „Гугл“ да доминира како платформа.

„Знаете, во светот на софтверот, особено за платформите, ова се пазари каде што победникот зема сè“, објасни Гејтс во разговорот со извршната директорка на Eventbrite, Џулија Харц.

„Најголемата грешка досега беше лошото управување што го спречи Мајкрософт да биде она што е Андроид. Андроид е стандардна платформа за телефони кои не се од Apple. Беше сосема природно Мајкрософт да биде оној што ќе победи на тој фронт“, вели Гејтс.

Гејтс користел едноставна математика за да заклучи дека доколку „Мајкрософт“ го заземеше второто најдобро место на пазарот на мобилни оперативни системи, компанијата ќе можеше да зграби дел од колачот од 400 милијарди долари – пари што наместо тоа го зајакнаа „Гугл“.

iPhone-от на Apple дебитираше во јуни 2007 година, по што следеа Android уредите во септември 2008 година. Влегувањето на Microsoft во арената на паметни телефони, Windows Phone 7, се случи многу подоцна, во октомври 2010 година. Дотогаш, пазарот на мобилни оперативни системи беше речиси готов, со Android и iOS заедно кои имаа 99,9% пазарен удел.

Гејтс призна дека доцнењето во оваа игра ја запечатило судбината на Мајкрософт на мобилните уреди. „Ако имате половина помалку апликации или 90 проценти од апликациите, сте на пат кон неуспех“, рече тој.

Грешките на „Мајкрософт“ во мобилниот свет се во остра спротивност со доминацијата на компанијата на пазарот на персонални компјутери. Оперативниот систем Windows на компанијата го трансформираше пазарот на персонални компјутери во 1990-тите и останува камен-темелник на нејзината проценка од 3 трилиони долари.

Сепак, како што истакна Гејтс, ако Мајкрософт беше успеал во трката со мобилни уреди, „ние ќе бевме таа компанија“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни