„Утринава веднаш ја подигнав поканата од Основното јавно обвинителство – Скопје. Повикана сум на разговор на 19 август,“ соопшти Ивановска.
Таа истакна дека нема што да крие и дека има „чиста совест“, нагласувајќи оти не се плаши од „закани, ниски удари и притисоци“. Целта на нејзината кампања, како што додаде, е „достоинствен живот во Центар“ и отпор кон „корупцијата и клиентелизмот“, преку платформата „Независни заедно“.
„Со вашата поддршка ќе ја вратиме моќта кај граѓаните и нивното достоинство, затоа што институциите треба да служат на јавниот интерес, а не на центрите на моќ чиј интерес е профитот,“ порача таа.
Ивановска најави дека ќе ја информира јавноста за текот на постапката, но додаде дека „адреса за информирање е и Обвинителството, како надлежна институција“.
Од МВР и ОЈО засега нема официјален коментар за содржината на поканата и за што конкретно се води постапката.