БиХ на нозе пред историскиот меч со Италија, поддршка ќе има и од Ѓоковиќ

Тимот на срспкиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека тој лично ќе биде присутен на стадионот да ја бодри репрезентацијата на БиХ

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина е на чекор од пласман на фудбалскиот мундијал.

Тие, вечерва со почеток во 20.45 часот, на стадионот во Тузла ќе играат против фаворизираната Италија.

Во Тузла, Сараево, Зеница и другите градови се е во знакот на вечерашниот двобој. Босанските фудбалери најавуваат борбена игра и пласман на СП 2026.

Од друга страна италијанскиот селектор Џенаро Гатузо е претпазлив, но очекува победа и пласман на Светското првентство.

Италијанските медиуми го критикуваат теренот во Зеница, но и стравуваат да не се повтори мечот со Македонија пред четири години кога Македонија среде Палермо со гол во последнатаминута ги елиминираше „Азурите“ од борба за пласман на Мундијалот.

Ѓоковиќ ќе биде на трибините

Познати спортисти од регионот деновиве даваат поддршка на фудбалерите на БиХ пред мечот, а најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ и лично ќе биде на стадионот да ја бодри репрезентацијата на БиХ.

Тимот на Ѓоковиќ потврдил дека тој вечерва ќе биде на трибините, а српскиот тенисер веќе два дена е во БиХ претходно посетувајќи ги босаниските пирамиди во Високо.

Покрај дуелот БиХ-Италија вечерва на програмата се и останатите три финални бараж натпревари Косово-Турција,Чешка-Данска и Шведска-Полска сите со почеток во 20.45

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни