Би играле ли на варијанта модерен брак?

Со стапувањето во брак преземаме одредени обврски, кои драстично се променија во однос на периодот пред дваесет, триесет, четириесет години. Денес, постојат модерни верзии на бракот во кои не важат истите правила на однесување како порано. Дали се пронаоѓате во некоја од нив?

Иако на прв поглед модерниот брак се смета за отворен и опуштен, експертите веруваат дека брачната заедница во нашево време е поинаква.

Затоа, исто така, има некои негативни ефекти, што може лошо да се одразат врз поединецот.

Полусреќен брак

Ова е необичен тип на брак во кој еден од партнерите повремено е среќен и задоволен што има стабилна врска, но има и периоди кога се прашува „Што ми требаше да се мажам/женам?“

Родителски брак

Родителски брак имаат голем број луѓе, а се карактеризира со фактот дека децата се центарот на врската. Така, со партнерот најчесто се разговара за децата, додека партнерството е занемарено. Кој ќе ги носи во градинка или училиште, кој ќе готви ручек, ќе го чисти дворот и слично. Во овој брак се добива впечаток дека немате време за ништо, освен за децата и куќата, а интимната врска меѓу партнерите е занемарена.

Полубрак

Експертите веруваат дека ова е најнепријатниот период помеѓу бракот и разводот, кога партнерите обично не можат да си дозволат развод. Причината може да биде финансии или несоодветен тајминг.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни