Би-Би-Си: И животните меѓусебно си подаруваат подароци

Фото: Freepik

Размената на подароци не е само човечка особина, има многу животински видови кои меѓусебно се почитуваат и си поклонуваат работи.

Подароците кај животните генерално не се корисни и се разменуваат од интерес, односно за да се добие можност за парење, но тоа не ги спречува животните упорно да ги разменуваат.

Мувите-шкорпии (Mecoptera), на пример, разменуваат топчиња од плунка, кои мажјаците им ги испраќаат на женките како покана за парење.

Овој тип на подарок „заведување“ е забележан кај различни видови полжави, дождовни црви и лигњи. Птиците уживаат и во подароците – мажјаците од одреден вид страчки (Laniidae) забиваат мали суштества на трње и гранчиња за да ги импресионираат партнерите, пред да им ги понудат на женките како подароци за додворување.

Овој обичај, сепак, е најраспространет кај инсектите.

Мажјаците од еден вид молци (Zygaena filipendulae) преку своите секрети им презентираат цијанид на своите партнери, јавува Би-Би-Си.

Еден вид пајаци (Pisaura mirabilis), од друга страна, ги завиткува подароците во свила за потенцијалниот партнер за да изгледа попривлечно, а подароците понекогаш се лажни, односно нема ништо во пакувањето.

Други инсекти се исто така познати по тоа што понекогаш се обидуваат да „заштедат“ на подароци.

Некои инсекти, од друга страна, им дозволуваат на женките и физички да им наштетат заедно со подарокот, како врвен чин на самопожртвуваност.

Меѓутоа, одредени животински видови подаруваат алтруистички, само за да му угодат на примачот.

На пример, делфините често им даваат на луѓето храна, како што се туна и октопод.

Исто така, одредени истражувања покажале дека врани им даваат различни подароци на луѓе кои во минатото им помагале со нешто.

Евроазиските сојки (Garrulus glandarius), кои припаѓаат на семејството на врана, исто така изгледаат дека им даваат подароци на партнерите алтруистички, од радоста на подарувањето.

Мажјаците набљудуваат што сакаат да јадат женките за кои се заинтересирани и, врз основа на она што го виделе, наоѓаат и им нудат иста или различна храна.

Овој тип на подароци е вообичаен и кај бонобоата, вид на шимпанзо што дели речиси 99 отсто од својата ДНК со луѓето.

Тие, исто како и луѓето, понекогаш даваат подароци на странци за да покажат гостопримство.

Бонбоата често споделуваат храна со други бонобоа кои не се членови на нивната група, дури и по цена да се откажат од сопствената храна за да комуницираат со некој нов.

Ова го наметнува прашањето зошто животните на прво место си даваат нешта, на што најчест одговор е дека тоа го подобрува репродуктивниот капацитет и на мажјаците и на женките, но и дека одредени видови едноставно уживаат во чинот на давање.

Кај некои видови, основната желба за давање подароци е веројатно иста како кај луѓето – да се зајакнат социјалните врски со најблиските.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни