Во својата анализа, магазинот напиша дека местото на Бијонсе на врвот на својата листа произлегува од рекордниот број на освоени Греми награди, како изведувачка и креаторка.
Билборд истакнува дека посветеноста на Бијонсе на на иновациите, еволуцијата и сеопфатната извонредност ја прави поуспешна од сите другите поп-ѕвезди во изминатите 25 години.
Минатата недела, Тејлор Свифт беше најавена како втор пик на Билборд, а Ријана го освои третото место. Од август, Билборд ги рангира најдобрите 25 поп-уметници во последните 25 години.