Откако нејзиниот концерт во Мериленд мораше да биде одложен за еден час поради невреме, Бијонсе платила 100.000 долари за возовите да продолжат да сообраќаат еден час подоцна за да можат нејзините обожаватели од концертот безбедно да се вратат дома.
Управата за транзит на областа Вашингтон во соопштение за печатот откри дека Renaissance World Tour ја платила сметката за „да се ангажираат повеќе возови, за одржување на сите 98 железнички станици отворени и други оперативни трошоци“ за дополнителниот час работа на железницата. 41-годишната пејачка обично излегува на сцената околу 21 часот, но во неделата задоцнила бидејќи службите испратиле предупредување за невреме и им наложиле на жителите да побараат засолниште поради невремето.
Иако дождот продолжил да паѓа во текот на вечерта, тоа не ја спречи Бијонсе да го изведе концертот. Посетителите биле пуштени околу 20:25 часот, а благодарение на Бијонсе доцнењето не им ги нарушило плановите за враќање дома.
Извор: Index.hr