Бијонсе ќе се појави на митинг на Камала Харис

Популарната пејачка Бијонсе Ноулс ќе се појави на митингот на кандидатката за претседателка на САД, Камала Харис во петок, јавуваат американските медиуми.
Фото: Pete Sekesan from New York, USA, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Со своето појавувањео Бијонсе ќе даде поддршка на Харис пред изборите кои треба да се одржат на 5 ноември. Мајката на Бијонсе, Тина Ноулс исто така ќе се појави на митингот во Хјустон, Тексас, како и кантри ѕвездата Вили Нелсон.

Денес, Харис ќе има митинг во Џорџија, држава во која се води тесна битка и која може да биде помеѓу одлучувачките на 5 ноември. На овој митинг таа ќе се појави со Барак Обама, а ќе ги придружува и американската ѕвезда Брус Спрингстин.

Бројот на познати личности кои се вклучуваат во претседателската трка во САД станува се поголем. Една од најголемите поп-ѕвезди на денешницата, Тејлор Сфивт претходно ја поддржа Харис, а неодамна на митинг за поддршка на демократската кандидатка се појави и раперот Еминем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни