BFF Македонија организира младински проекции и дебати

По секоја проекција ќе следи јавна дискусија со учесниците, посветена на тематиките на филмот, ликовите, наративниот пристап…

Во рамки на проектот „Филмски дијалози на младите – BFF Македонија“, во првата недела од февруари ќе се одржат децентрализирани филмски проекции и јавни дебати во Охрид, Ресен и Битола, со цел збогатување на културната понуда и поттикнување критичка дискусија кај младите преку филмската уметност.

Настаните се организираат во средини каде што културната понуда е намалена, со што се овозможува пристап до квалитетна филмска содржина и отворен простор за разговор, анализа и размена на ставови.

Распоред на настани:

  • Охрид — 3 февруари — Младински центар Охрид, со почеток во 13.00 часот.
  • Ресен — 4 и 5 февруари —  СОУ „Цар Самоил“ Ресен, со почеток во 13.00 часот.
  • Битола — 6 и 7 февруари — Центар за култура Битола, со почеток во 12.00 часот.

Во рамки на програмата ќе биде прикажан краток филм во времетраење од 20 минути.

По секоја проекција ќе следи јавна дискусија со учесниците, посветена на тематиките на филмот, ликовите, наративниот пристап и поширокото значење на филмската уметност. Разговорите имаат за цел да поттикнат активно гледање, интерпретација и поттик на критичката мисла кај младите.

Активноста „Филмски дијалози на младите – BFF Македонија“ е поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Настаните се отворени за млади учесници, љубители на филм и пошироката јавност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни