Според информации објавени од неколку медиуми телото на жената пронајдено денеска во Зрновци било обезглавено и распарчено надвор од коритото на Зрновска река.
Обдукцијата но и истрагата што е отворена треба да дадат одговори прво на прашањето за идентификација а потоа како и кога настапила смртта и дали повредите на телото се од човек или од диви животни.
Од МВР соопштија дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.
Во истрагата се вклучи и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, кој излегол на терен и наредил понатамошни дејствија.
Во последниот период во тој дел од државата нема пријавено исчезнато женско лице, а на сајтот на МВР во делот на исчезнати лица фигурираат неколку повозрасни жени.
Веста дека е пронајдено женско безживотно тело ја потресе македонската јавност, особено што се случува во период кога се уште е силна колективната траума од самоубиството на Ивана во скопско Тафталиџе која била долгодишна жртва на семејно насилство.