Во среда на 2 октомври во Младинскиот Културен Центар – MKЦ, во просториите на Кино Фросина, со почеток во 21:30 часот ќе се одржи премиерата на проектот „Безвременски прикаски” во кореографија и режија на Ирена Лозинска.
,,Безвременски прикаски” е претстава со карактер на музичко-сценски и танцов перформанс, која опфаќа седум раскази на познатиот писател Франц Кафка.
Четирите учесници-актери преку танцови форми и техники ги оживуваат прикаските на Кафка, додека Енес Беговски – авторот на музиката за претставата, со својот Ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти.
За визуелните ефекти е задолжен Видео Арт, кој преку видео бим ќе создаде дополнителна сценска магија.Претставата трае 45 минути и нуди уникатна можност за актери да се изразат преку иновативни танцови форми и да ја искористат својата способност за импровизација.
Учесници:
Исидор Јованоски
Ана Левајковиќ Бошков
Хакан Даци
Нела Павловска
Музички соработник: Енес Беговски
Видео Арт: Доријан Миловановиќ
Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија.